Juju Premier Palace 5* – Кемер

Положба
Хотелот се наоѓа во регионот Белдиби на 18 км до центарот на Кемер, 40 км од аеродромот во Анталија.

Сместување
Хотелот има вкупно 423 соби. Сите соби се со купатило со када или туш, фен за коса, влечки, централен или сплит клима уред кој работи според временските услови, телефон, мини бар (вода, безалкохолни пијалоци, пиво, млеко, крекери се полни секој ден), сет за кафе и чај, eлектричен бокал, сеф, WI-FI интернет конекција, сателитска LCD телевизор и балкон или тераса.
Делукс стандардни соби 36м², една спална соба со еден француски кревет + фотелја.
Делукс стандардни големи соби 42-46м², една спална соба со простор за седење.
Дуплекс фамилијарен апартман 65м², две спални соби, две купатила.
Дуплекс фамилијарен апартман executivе 79м², две спални соби – долу два единечни кревети, горе еден француски кревет, (како галерија) простор за седење, две купатила.
Апартман за меден месец  52 – 67 м², една спална соба, дневна со софа, едно купатило, џакузи и тераса или балкон.
Honeymoon suite executive 79м², една спална соба со француски кревет, дневна соба со софа, џакузи.
Престиж апартман 149 м², дуплекс, на приземје дневна и една спална соба, горе една спална соба, соблекувална, две купатила, џакузи, тераса.
Платинум дуплекс апартман 79м², приземје една спална соба, горе една спална соба, две купатила, поглед на море и приватен базен.
Platinum duplex suite Executive 165м², три спални соби, една дневна, три купатила, тераса.

Услуга 
Услугата во хотелот е Ultra All inclusive 24  часовна услуга за храна и пијалоци, пијалоци за добредојде по пристигнувањето, шведска услуга за појадок, доцен појадок, ручек, попладневна ужина, вечера, ужина доцна навечер.
Сите локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, свежо цеден сок за време на појадокот, диететска и здрава храна во главниот ресторан, детско бифе, сладолед во одредени часови во текот на денот.
Со доплата: премиум увозни пијалоци, VSOP коњак, специјални увозни и локални вина, сите флаширани пијалоци, услуга во соба, свежи овошни сокови, ланч бокс, наргиле, À la carte рестораните се со претходна резервација и со доплата.

Содржина
Хотелот располага со главен ресторан за шведска маса, À la carte ресторани – Tartufo – италијанска кујна, Premier – морска храна, Кјокуто – кујна од Далечниот Исток, турски ресторан, слаткарница, снек бар на плажа и барови низ целиот хотелски комплекс.
Доктор, чување деца, перална, телефон, факс, фризер, изнајмување кола, продавници дополнително се наплаќаат. WI-FI интернет конекцијата е бесплатна.

Плажа
Приватната плажа на хотелот со камчиња и песок. Лежалки, чадори за сонце, пешкири за плажа се бесплатни. Приватните павилјони се со претходна резервација и со доплата.

Спорт и Забава
Надворешни и внатрешни базени за возрасни и деца, тобогани, турска бања, сауна, парна соба, соба за релаксација, фитнес центар, тениски терени, кошарка, одбојка, одбојка на плажа, мини фудбал, пинг понг, гимнастика.
Со доплата се: спортови на вода, SPA & Wellness центар, масажа и сите третмани за убавина, осветлување за тениски терени, школа за нуркање, куглање, центар за игри.
Забавни програми во текот на денот, натпревари со стручен тим, специјални емисии во вечерните часови, музика во живо, организација на специјални забави.
Мини клуб – мини клуб за деца со секции за различни возрасни групи, од 4 – 12 години со специјални програми, детско игралиште, мини кино, мини диско навечер.

Датум:

03.05 – 18.10.2025

Престој:

6/7/10/13 ноќи

Цена:

од 782€ по лице

Во цената е вклучено:
Чартер лет
Трансфери (аеродром – хотел – аеродром)
6 ноќевања
Сите оброци и пијалоци според концептот UltraAll Inclusive
20 кг багаж по лице

Тип на соба

  • Deluxe Room Land View
  • Deluxe Sea Side View
  • Deluxe Large Land View
  • Deluxe Large Sea Side View
  • Honeymoon Suite Executive

Забелешки:

  • Пасошот треба да е со важност од минимум 180 дена од моментот на влез во земја од Шенген зоната.
  • Пожелно е секој патник да има валидно патничко осигурување. (Патничко осигурување може да извадите во нашата агенција).
  • При резервацијата треба да се плати 30% од вкупниот износ на аранжманот.
  • Плаќањата извршени во денарска противвредност ќе се пресметуваат по курс 1 EUR = 62 МКД.