Liu Resort Hotel 5* – Сиде

Положба
Хотелот се наоѓа во областа Гундоду, на 12 км од Сиде и 48 км од аеродромот во Анталија.

Сместување
Хотелот располага со 400 соби. Сите соби се со приватно купатило со туш, фен, бањарка, влечки, централна клима која што работи според временските услови, мини бар (секојдневно се полни со вода и безалкохолни пијалоци), електричен бокал, сет за кафе и чај, сеф, ламинатен под, Wi-Fi интернет, сателитска ТВ со музички канали, балкон.
Делукс соби (25 м², една спална со француски кревет и еден единечен кревет или софа, едно купатило, макс. 2+1 лице).
Делукс соби со директен пристап на базен (25 м², една спална со француски кревет и еден единечен кревет или софа, едно купатило, директен пристап на базен, макс. 2+1 лице).
Делукс Лагуна соби (25 м², една спална со француски кревет, едно купатило, макс. 2 лица).
Фамилијарни соби (55 м², две одвоени спални, едно купатило, макс. 4 лица).
Фамилијарни соби со директен пристап на базен (55 м², две спални одвоени со врата, едно купатило, директен пристап на базен, макс. 4 лица).
Супериор корнер соби (45 м², една спална со француски кревет, едно купатило, макс. 2 лица).
Кралски апартман (180 м², една спална со француски кревет, џакузи во собата, една дневна соба со дел за седење и трпезариска маса, едно купатило, макс. 2 лица).

Услуга 
Ултра Сѐ вклучено шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, утрински и попладневни закуски, бифе касно навечер, сите локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, сладолед во одредено време од денот, детско бифе, диететско бифе, свежо цеден сок од портокал за време на појадок, бар за закуска на плажа, À la carte ресторани со претходна резервација и еднаш за време на престојот. Не е вклучено: премиум увозни пијалоци, специјални локални и увозни вина, сите пијалоци во шише и лименка, свежо цедени сокови (освен за појадок), услуга во соба.

Содржина
Главен ресторан со шведска маса, À la carte ресторани со турска и морска храна, барови низ хотелскиот комплекс. Доктор, чување деца, перење и хемиско чистење, фризер, телефон, факс, интернет катче, продавници, изнајмување кола се со доплата. Wi-Fi интернет е бесплатен.

Плажа
Хотелска песочна плажа, со бесплатни лежалки, чадори и крпи за на плажа.

Спорт и Забава
Отворени и затворени базени за деца и возрасни, лизгалици на вода, фитнес центар, турска бања, суна, парна соба, пинг понг, одбојка н плажа. Со доплата се сите спортови на вода, билијард, куглање, соба со игри, СПА центар и масажа. Забавни програми во текот на денот, со жива музика и шоу програми навечер (во одредени денови). Мини клуб за деца од 4-12 години со разни активности и програми.

Датум:

03.05 – 18.10.2025

Престој:

6/7/10/13 ноќи

Цена:

од 910€ по лице

Во цената е вклучено:
Чартер лет
Трансфери (аеродром – хотел – аеродром)
6 ноќевања
Сите оброци и пијалоци според концептот UltraAll Inclusive
20 кг багаж по лице

Тип на соба

  • Deluxe Room Land View
  • Deluxe Room Pool View
  • Deluxe Room Side Sea View
  • Deluxe Swim-up Superior Corner Room
  • Deluxe Lagoon Room
  • Family Room

Забелешки:

  • Пасошот треба да е со важност од минимум 180 дена од моментот на влез во земја од Шенген зоната.
  • Пожелно е секој патник да има валидно патничко осигурување. (Патничко осигурување може да извадите во нашата агенција).
  • При резервацијата треба да се плати 30% од вкупниот износ на аранжманот.
  • Плаќањата извршени во денарска противвредност ќе се пресметуваат по курс 1 EUR = 62 МКД.