Положба
Хотелот се наоѓа во областа Инчекум на 22 км од Аланија и 90 км од аеродромот во Анталија.
Сместување
Вкупно 168 соби
Делукс соби (35-36м², една спална, едно купатило, макс. 3 лица),
Супериорни соби (70-75м², една спална соба со џакузи, една спална со два единечни кревети едно купатило, голема тераса, макс. 4 лица),
Фамилијарни соби (37-38м², две одвоени спални, едно купатило, макс. 4лица).
Сите соби се со купатило со туш, фен, VRF разладни системи, телефон, мини бар (се надополнува секојдневно), чајник, сервис за подготовка на кафе и чај, сеф, сателитски канали, LCD телевизор и музички канали, WI-FI интернет конекција, ламинат на подот, балкон.
Услуга
Ултра сѐ вклучено – 24 часа послужување на храна и пијалоци, сервис за шведска маса за појадок, доцен појадок, ужина, ручек, ужина во текот на денот, вечера, закуски во доцните вечерни часови. Локални и некои увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, коктели, сладолед производи за бебиња како Аптамил млеко, млеко, овошно млеко и овошен јогурт. Дополнително се наплаќаат специјални увозни пијалоци, специјални вина, À la Carte со претходна резервација, сите видови на флаширани пијалоци и пијалоци во лименки, собна услуга.
Содржина
Платинум главен ресторан – сервис шведска маса, À la Carte ресторани, бар во лобито, покрај базен и на плажа, диско бар. Доктор, чување деца, перење и хемиско чистење, фризер, шопинг центар, изнајмување кола, телефон, факс, интернет и компјутерски игри – дополнително се наплаќаат.
Плажа
Хотелска песочна плажа мешана со мали камења. Чадори за сонце, лежалки, пешкири не се наплаќаат. Приватни павилјони со претходна резервација и со доплата.
Спорт и Забава
Отворени и затворени базени за возрасни и деца, водени лизгалици, фитнес центар, турска бања, сауна, соба со пареа, снежна соба, одбојка на плажа, пинг понг, мини голф. Дополнително се наплаќаат Спа и Велнес центар, масажа, сите видови на водени спортови. Забавни дневни програми, натпревари покрај базен и на плажа, вечерни шоу програми. Фамилијарен клуб за деца од 4 до 17год. Поделени во групи според возраста, различни активности, кино за деца, луна парк, мини голф, игралиште, мини диско во вечерните часови
Датум: | 03.05 – 18.10.2025 |
Престој: | 6/7/10/13 ноќи |
Цена: | од 844€ по лице |
Во цената е вклучено: | Чартер лет
Трансфери (аеродром – хотел – аеродром)
6 ноќевања
Сите оброци и пијалоци според концептот UltraAll Inclusive
20 кг багаж по лице
|
Тип на соба
Забелешки: