Положба
Хотелот се наоѓа во Сиде, на 60км од аеродромот во Анталија, 5 км од Манавгат и 1 км од Сиде.
Сместување
Хотелот располага со 760 соби. Собите се распоредени во главна зграда и езерски куќички. Сите соби имаат бања со када и туш, фен, централна клима, телефон, мини бар (секојдневно се дополнува со вода, безалкохолни пијалоци и пиво), електричен бокал, сет за кафе и чај, сеф, ламинат или тепих на подот, сателитска ТВ и музички канали, балкон или тераса, WI-FI интернет конекција, балкон или тераса.
Во главната зграда 495 соби.
Стандардни соби 31м², една спална соба, едно купатило 2+1 лица.
Фамилијарни соби 43м², две спални соби одвоени со врата, едно купатило макс. 4 лица.
Суит соби 91м², спална соба и дневна соба, купатило со џакузи, макс 4 лица.
Езерските куќички (лоцирани позади главната распространети во 13 блокови)
Езерски стандардни соби 31м², некои од собите имаат директен пристап до базенот, може да се на прв или втор кат, ламинат на подот, макс 3 лица.
Езерски фамилијарни соби 54м², собите се дуплекс со директен пристап на базенот, плочки на подот, макс 4 лица.
Услуга
Услугата во хотелот Ultra All inclusive шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, попладневна ужина, кафе и колачи, вечера и полноќна ужина. Сите локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, свежо цедени сокови за појадок, мини бар (се дополнува секој ден со вода, безалкохолни пијалоци и пиво) се вклучени во концептот.
Со доплата: специјални увозни пијалоци, свежо цедени сокови (освен за појадок), A’la Carte ресторани со претходна резервација и доплата, специјални пијалоци и флаширани пијалоци, услуги во Planet Beach бар.
Содржина
Главен ресторан со шведска маса, A’la Carte ресторани: италијански, рибен, мексикански, турски, Barbeque and Far East, барови во лоби, покрај базен и на плажа, Диско бар.WI – FI интернет конекција на јавни места е бесплатна.
Со доплата: доктор, бебиситер, услуги за перење и пеглање, фризер, продавници, телефон, факс, интернет и компјутерски игри, рент а кар.
Плажа
Хотелот има сопствена плажа со песок и камчиња, со лежалки, чадори и пешкири кои се бесплатни. Приватни павиљони со претходна резервација и доплата.
Спорт и Забава
6 базени за возрасни и деца, еден внатрешен базен кој се затоплува, лизгалки на вода, фитнес центар, тениски терени, пинг понг, фудбал, одбојка на плажа, мини голф се вклучени во цена.Забавни програми во текот на денот, натпревари на плажа и покрај базенот, шоу програми, жива музика и диско клуб во вечерните часови. Специјални програми за деца во Мини клуб.
Со доплата: масажа, турска бања, сауна, Wellness & Spa центар, куглање, осветлување за тениски терени, билјард, спортови на вода, школа за нуркање.
Датум: | 03.05 – 18.10.2025 |
Престој: | 6/7/10/13 ноќи |
Цена: | од 684€ по лице |
Во цената е вклучено: | Чартер лет
Трансфери (аеродром – хотел – аеродром)
6 ноќевања
Сите оброци и пијалоци според концептот UltraAll Inclusive
20 кг багаж по лице
|
Тип на соба
Забелешки: