Utopia Resort & Residence 5* – Аланија

Положба
Хотелот се наоѓа во регионот Avsalar. Одалечен е 25 км од Аланија и 90 км од аеродромот во Анталија.

Сместување
Хотел располага со 368 сместувачки единици. Секоја соба располага со: бања со туш кабина, фен, влечки, сплит клима, мини бар, сет за кафе и чај, сеф, САТ ТВ со музички канали, ламинат, балкон или тераса.
Стандардни соби (26 м2, спална соба, бања, макс 2+1 лица),
Фамилијарна соби (43 м2, две спални соби одделени со врати, бања, макс 4 лица),
Резиденција фамилијарна соби (49 м2, две спални соби одделени со врати, дневна, бања, макс. 4 лица),
Хотелот има соби  за хендикепирани лица.

Услуга 
Ultra All Inclusive на база на отворено бифе – самопослужување (шведска маса) за појадок, доцен појадок, ручек, ужина, вечера, полноќна супа, локални и стандардни алкохолни и безалкохолни пијалоци од 10:00-24:00 часот, сладолед во одредено време, ресторан на плажа од 10:00-18:00 часот.
Со доплата: премиум увезени пијалоци, сите увезени пијалоци кои не се на списокот на менито, свежо цедени сокови, флаширани пијалоци, специјални вина, A la Carte ресторани со резервација, собна услуга.

Содржина
Главен ресторан на отворено шведска маса, A la Carte ресторани со резервација, барови во хотелскиот комплекс.
Со доплата: лекар, перална и хемиско чистење, фризер, телефон, факс, интернет, компјутерски игри, продавници, rent-a-car.

Плажа
Хотелот има сопствена песочната плажа. Чадори, лежалки и пешкири за плажа безсплатно.

Спорт и Забава
Надворешни и внатрешни базени за возрасни и деца, теретана, турска бања, сауна, тениски терени, пинг понг, одбојка на плажа, кошарка, мини голф, забавни програми во текот на денот, вечерни шоу програми, мини клуб (од 4-17 години, поделено по возрасни групи), мини кино, игралиште, мини диско.
Со доплата: спортови на вода, SPA и Wellness услуги, масажa, осветлување за тениски терени, часови по тенис и нуркање, билијард.

Датум:

03.05 – 18.10.2025

Престој:

6/7/10/13 ноќи

Цена:

од 596€ по лице

Во цената е вклучено:
Чартер лет
Трансфери (аеродром – хотел – аеродром)
6 ноќевања
Сите оброци и пијалоци според концептот UltraAll Inclusive
20 кг багаж по лице

Тип на соба

  • Standard Room Garden View
  • Standard Room Sea View
  • Swim Up Room
  • Residence Family Room
  • Family Room

Забелешки:

  • Пасошот треба да е со важност од минимум 180 дена од моментот на влез во земја од Шенген зоната.
  • Пожелно е секој патник да има валидно патничко осигурување. (Патничко осигурување може да извадите во нашата агенција).
  • При резервацијата треба да се плати 30% од вкупниот износ на аранжманот.
  • Плаќањата извршени во денарска противвредност ќе се пресметуваат по курс 1 EUR = 62 МКД.