Валенсија во Август

Бенидорм – модерниот бисер на шпанската Коста Бланкa

Бенидорм е еден од најпознатите туристички градови во Шпанија, сместен на живописната Коста Бланка, на околу 45 километри од Валенсија – идеална локација која спојува море, урбана енергија и лесна достапност.

Со својата пријатна медитеранска клима, долги песочни плажи и динамичен дух, Бенидорм со право го носи прекарот „Менхетенот на Медитеранот“. Градот нуди совршена рамнотежа помеѓу релаксација и забава, привлекувајќи патници од целиот свет.

Познати факти за Бенидорм:

  • Градот е познат како една од најбезбедните туристички дестинации во Шпанија, со високо ниво на инфраструктура и туристички услуги.
  • Плажите во Бениднорм се меѓу најдобрите во Европа – со златен песок, чисто море и комплетна инфраструктура редовно добиваат Blue Flag сертификати за чистота, безбедност и квалитет на услугите.
  • Бенидорм е познат по својата енергија, ресторани, барови и клубови кои нудат забава во текот на целата година.
  • Градот е дом на популарни тематски паркови како Terra Mítica, Aqualandia и Mundomar, што го прави одличен избор и за семејства и за млади.
  • Старата градска зона нуди автентична шпанска атмосфера, додека природниот парк Сиера Хелада е идеален за прошетки и панорамски погледи кон морето.
  • Градот е познат по тоа што има над 300 сончеви денови годишно, и е една од најпосетуваните туристички дестинации во Европа, со милиони посетители годишно
  • Особено место кое не смее да се пропушти е Балконот на Медитеранот (Balcón del Mediterráneo) – иконична панорамска точка што ги поврзува плажите Леванте и Пониенте. Од тука се отвора спектакуларен поглед кон морето и градот, а местото претставува симбол на Бенидорм и омилена локација за фотографии и романтични прошетки.
  • Дополнителна предност на Бенидорм е неговата близина до Валенсија, што овозможува лесна и одлична можност за еднодневна посета на овој модерен и културно богат град, познат по Градот на уметностите и науките, историскиот центар и медитеранската гастрономија.

Gran Hotel Bali & Spa 4* – икона на Бенидорм

Gran Hotel Bali & Spa, највисокиот хотел во Европа, е вистинска знаменитост на Коста Бланка. Сместен во мирната зона Ла Кала, на само 5 минути пеш од плажата Пониенте, хотелот нуди спектакуларни погледи и висок стандард на удобност.

Хотелот располага со пространи, климатизирани соби со балкони, повеќе надворешни базени, ресторани со шведска маса, бар покрај базен и вечерна анимација. За дополнително уживање, гостите можат да користат спа-центар со сауна, џакузи и фитнес, како и масажи и третмани (со доплата).

Gran Hotel Bali & Spa е идеален избор за оние што сакаат комфорен, модерен и комплетен одмор, со лесен пристап до плажа, град и атракции.

Датум:

03.08 – 10.08.2026

Цени:
  • 1095€ по лице
  • 999€ за 3-то лице
  • 799€  за дете од 02-11.99 год.
  • 55 € / по ноќ / по лице- доплата за еднокреветна соба

Пакет цената е изразена по лице во дво/трокреветна соба и вклучува: Полн пансион + Трансфери Скопје-Тирана-Скопје + Авио Билет

Во цената е вклучено:
  • Авионски билет со лет од Тирана со авиокомпанијата Wizz Air, со вклучени аеродромски такси TIA 18:05-VAL 21:00 | VAL 21:40-TIA 00:20
  • Трансфер Скопје – Тирана – Скопје
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Рачен багаж според правилата на авиокомпанијата
  • 7 ноќевања на база полн пансион во Gran Hotel Bali 4*
  • Дете од 0–2 години плаќа само 80 € за аеродромски такси
Во цената не е вклучено:
  • Патничко осигурување (може да се извади и преку агенцијата)
  • Доплата за еднокреветна соба
  • Туристичка такса во хотел: (се плаќа на рецепција при сместување)
  • Доплата за СПА центар: (се плаќа директно во хотел)
  • Доплата за соба со поглед на море: (се плаќа во агенцијата)

*Побарајте понуда за избор на различни термини, тип на соби и пансионски услуги како и за информации и резервации испратете барање на следната меил адреса info@holiyaytravel.com или на телефон +38971330089.

Целодневна посета на Валенсија со водич – Град со Безвременска Магија - 85€ по лице

Започнуваме со импресивните Торес де Серанос – величествен симбол на Валенсија и дел од некогашните градски ѕидини што го штителе стариот град.

Потоа се упатуваме низ преубавите градини Турија, еден од најголемите урбани паркови во Европа. Создаден на местото на поранешното корито на реката, овој парк е долг над 9 километри, поминува под 18 историски мостови и ги поврзува најзначајните градски атракции.

Од модерниот Биопарк – зоолошка градина каде животните живеат во природно опкружување – стасуваме до футуристичкиот Град на уметностите и науките, дело на Сантијаго Калатрава и Феликс Кандела. Во овој комплекс се наоѓаат:

  • Океанографик – најголемиот аквариум во Европа
  • Музејот на науките
  • Палау де лес Артс – центар за уметност и култура со светски репертоар

Нашата прошетка продолжува кон Plaza de la Virgen, еден од најстарите плоштади во градот, каде се наоѓа прекрасната Фонтана Турија. Тука е и Катедралата на Валенсија, каде што, според преданието, се чува Светиот Грал. За оние што сакаат мал предизвик, се нуди качување на Торањот Мигелете – 214 скалила со поглед што го одзема здивот.

Навлегуваме во Барио дел Кармен, кварт исполнет со тесни улици, живописни фасади и историја на секој чекор. Тука се наоѓа и најтесната куќа во светот – широка само 107 сантиметри!

Следува посета на Централниот пазар, вистински гастрономски рај каде мирисите, боите и вкусовите на Валенсија се претвораат во доживување.

Не ја изоставуваме и Lonja de la Seda, ремек-дело на готската архитектура и светско културно наследство на УНЕСКО, како и елегантниот Mercado de Colón, симбол на модернистичката убавина на градот.

Валенсија не е само град – тоа е совршена комбинација на историја, уметност, вкус и енергија. Подгответе се за екскурзија што навистина ги буди сите сетила!

Времетраење на турата: 09:00 – 19:30

  • Агенцијата го задржува правото за промена на распоредот на летање доколку авио компанијата ги промени летовите за што патниците ќе бидат навремено известени.
  • Пасошот треба да е со важност од минимум 90 дена од моментот на влез во земја од Шенген зоната.
  • Пожелно е секој патник да има валидно патничко осигурување. (Патничко осигурување може да извадите во нашата агенција).
  • При резервацијата треба да се плати 30% од вкупниот износ на аранжманот.
  • Плаќањата извршени во денарска противвредност ќе се пресметуваат по курс 1 EUR = 62 МКД.
  • Сите останати услови на патување важат според правилата на Холијеј Травел