БАСКИЈА – Меѓу океанот и вкусовите

Северна Шпанија – поинаква приказна за Шпанија

Откријте ја Шпанија од поинаква перспектива – преку нејзиниот север, регион исполнет со елегантни градови, импресивна архитектура, спектакуларни пејзажи и уникатна култура. Од кралскиот Мадрид и историската Сарагоса, до автентичната Баскија, каде што се среќаваат Атлантскиот Океан, необичниот баскиски идентитет и прочуената гастрономија.

Ова патување ве води низ Сан Себастијан, Билбао, Сантандер и Бургос – градови со сосема различен карактер, но заедничка елеганција и автентичност. Премиум тура за патници кои сакаат да ја запознаат Шпанија подлабоко, подалеку од вообичаените туристички рути.

Мадрид – Шпанската престолнина, град на кралска историја, величествени булевари, светски познати музеи и живописни плоштади. Место каде традицијата и модерниот градски живот совршено се надополнуваат.

Сарагоса – Град со повеќе од 2.000 години историја, препознатлив по спектакуларната базилика Nuestra Señora del Pilar, мавританското наследство и прекрасната архитектура покрај реката Ебро.

Сан Себастијан – Еден од најелегантните приморски градови во Европа. Познат по прекрасниот залив Ла Конча, архитектурата од Belle Époque и прочуената баскиска гастрономија, особено традиционалните pintxos.

Билбао – Срцето на Баскија и еден од највпечатливите примери за урбана трансформација во Европа. Градот е познат по футуристичкиот музеј Гугенхајм, авангардната архитектура и спојот на индустриско наследство со современа уметност.

Сантандер – Елегантен крајбрежен град во Кантабрија, со прекрасни плажи, зелени паркови и аристократска атмосфера. Особено впечатлив е дворецот Магдалена, сместен на полуостров со поглед кон Атлантскиот Океан.

Бургос – Град со средновековен дух и една од најимпресивните готски катедрали во Шпанија, заштитена од UNESCO. Важна станица на познатата поклоненичка рута Camino de Santiago.

Датум:

12.05-17.05.2027

Цена:
  • 990€ по лице
  • 80€ за деца до 1.99 години
Во цената се вклучени:
  • Повратен авионски билет на релација Скопје – Мадрид – Скопје, со вклучени аеродромски такси.
  • Организиран трансфер од аеродромот во Мадрид до хотелот при пристигнување.
  • Организиран трансфер до аеродромот во Мадрид на денот на враќање.
  • Организиран автобуски превоз меѓу градовите на основната рута: Мадрид – Сарагоса – Сан Себастијан – Билбао – Бургос – Мадрид.
  • 5 ноќевања со појадок во хотели со 3 и 4*, со сместување во двокреветна соба:
  • 1 ноќевање во Мадрид
  • 1 ноќевање во Сарагоса
  • 3 ноќевања во Билбао
  • Краток панорамски и пешачки разглед на центарот на Мадрид, според расположливото време.
  • Организирана прошетка низ Сарагоса, со плоштадот Пилар, просторот кај базиликата Nuestra Señora del Pilar, стариот град и Камениот мост.
  • Посета и прошетка низ Сан Себастијан, покрај заливот La Concha, центарот и стариот град Parte Vieja.
  • Попатна посета на Бургос, со прошетка низ историското јадро, плоштадот пред катедралата и Paseo del Espolón.
  • Придружник од Holiyay Travel во текот на патувањето.
  • Организација и координација на трансферите, сместувањето и вклучените разгледи според програмата.
Во цената не се вклучени:
  • Факултативни екскурзии, музејски посети и организирани вечери.
  • Влезници во објекти и музеи, освен ако изречно не се наведени како вклучени.
  • Ручеци, вечери и пијалаци и лични трошоци
  • Туристички такси и патничко осигурување
  • Доплата за еднокреветна соба – 60€ од вечер
  • Дополнителен багаж над дозволениот во избраната авионска тарифа.

Повеќе информации и резервации на 071/330-089 или 071/330-039.

12.05.2027
Скопје – Мадрид

Лет од Скопје за Мадрид. По пристигнувањето, организиран трансфер до хотелот и сместување.

Можност за организирана групна вечера и прва средба со локалните вкусови и атмосферата на шпанската престолнина.

Ноќевање во Мадрид.
13.05.2027
Мадрид – Сарагоса

По појадокот, краток панорамски и пешачки разглед на центарот на Мадрид, според расположливото време, а потоа продолжување кон Сарагоса.

Попладневна прошетка низ градот: плоштадот Пилар, базиликата Nuestra Señora del Pilar, стариот град и Камениот мост над реката Ебро.

Слободно време за вечера и тапас во познатиот кварт El Tubo.

Ноќевање во Сарагоса.
14.05.2027
Сарагоса – Сан Себастијан – Сан Хуан де Газтелугаче – Билбао

Појадок и рано поаѓање кон Сан Себастијан. Прошетка покрај заливот и плажата La Concha, низ центарот и стариот град Parte Vieja. Слободно време за ручек и пробување на познатите баскиски pintxos.

Продолжување кон хотел. Сместување во Билбао и кратка пауза, а потоа следи попладневен факултативен излет до Сан Хуан де Газтелугаче – уникатно место на баскискиот брег, познато како локацијата на Dragonstone од серијата „Game of Thrones“, со камен мост и скали што водат кон црквата на карпестото островче.

Враќање кон Билбао, слободно време за вечера и одмор.
15.05.2027
Билбао

Појадок и факултативен разглед на Билбао: просторот околу музејот Guggenheim и скулптурата Puppy, прошетка покрај реката Нервион, стариот град Casco Viejo, Siete Calles, Plaza Nueva и пазарот Mercado de la Ribera.

Слободно време за ручек.

Попладневен факултативен излет до Герника

Вечерта, можност за организирана pintxos вечера.

Ноќевање во Билбао.
16.05.2027
Билбао – Сантандер – Билбао

Појадок и целодневен факултативен излет до Сантандер, главниот град на Кантабрија.

Посета на полуостровот Magdalena, со надворешен разглед и поглед кон кралската палата, крајбрежната зона El Sardinero и прошетка низ центарот, покрај Jardines de Pereda и Centro Botín.

Слободно време за ручек, кафе и индивидуални прошетки.

Враќање во Билбао и ноќевање.
17.05.2027
Билбао – Бургос – Мадрид – Скопје

Појадок и рано поаѓање кон Бургос. Кратка прошетка низ историското јадро, плоштадот пред познатата катедрала и Paseo del Espolón.

Продолжување кон аеродромот во Мадрид и повратен лет за Скопје.

Сан Хуан де Газтелугаче - По стапките на „Game of Thrones“ | 45 €

Попладневен излет од Билбао до едно од највпечатливите места на баскискиот брег. Карпестото островче, поврзано со копното со камен мост и скали што водат до малата црква на врвот, создава пејзаж што долго останува во сеќавање. Љубителите на „Game of Thrones“ ќе го препознаат како локација користена за приказот на Dragonstone.

Посетата е можност за уживање во крајбрежните предели, фотографирање и пешачко доживување на ова посебно место.

Цената вклучува: повратен автобуски превоз од Билбао, придружник и организација на посетата и потребната резервација за пристап.

Посетата вклучува пешачење по патека со спуштање, искачување и бројни скали. Обемот на пешачката посета зависи од условите за пристап, временските услови и расположливото време. Се препорачуваат удобни обувки.

Билбао - Уметност, стар град и баскиски живот | 40 €

Пешачка тура низ Билбао, град во кој современата архитектура се среќава со традиционалниот баскиски дух.

Разгледот започнува во просторот околу музејот Guggenheim и препознатливата цветна скулптура Puppy, а продолжува со прошетка покрај реката Нервион кон историското срце на градот. Следуваат Casco Viejo, познатите Siete Calles – Седумте улици, плоштадот Plaza Nueva и просторот кај пазарот Mercado de la Ribera.

Низ прошетката ќе ги запознаеме различните лица на Билбао, со насоки каде да се пробаат pintxos и како да се искористи слободното време во градот.

Цената вклучува: организиран пешачки разглед со водич и објаснувања за посетените локации.

Герника – Срцето на баскиската историја | 35 €

Попладневен излет до Герника, град со посебно место во историјата и идентитетот на Баскија, чие име е познато низ светот и преку делото „Герника“ на Пабло Пикасо.

Прошетка низ центарот и запознавање со приказната на градот, со посета на просторот на Собранискиот дом и прочуениот Даб на Герника – симбол на баскиските слободи и традиции.

Излетот го дополнува доживувањето на регионот со неговата историска и културна страна.

Цената вклучува: повратен автобуски превоз од Билбао, водич и организиран разглед.

Сантандер - Кралска елеганција на кантабрискиот брег | 70 €

Целодневен излет до Сантандер, главниот град на Кантабрија, познат по своите заливи, широки плажи и елегантни крајбрежни прошеталишта.

Посета на полуостровот Magdalena, со поглед кон кралската палата и морето, а потоа разглед на крајбрежната зона El Sardinero. Прошетката продолжува низ центарот, покрај Jardines de Pereda и современиот Centro Botín.

Следува слободно време за ручек, кафе покрај море и индивидуално уживање во градот, пред враќањето во Билбао.

Цената вклучува: повратен автобуски превоз од Билбао, водич и разглед според програмата.

Вкусовите на Баскија – Pintxos вечер во Билбао | 59 €

Вечер посветена на баскиската гастрономија и дружењето! Во избран локал во Билбао ќе пробаме разновидни pintxos – мали, внимателно подготвени специјалитети што се неизоставен дел од локалната култура.

Спој на традиционални вкусови и современи комбинации, дополнети со чаша вино, пиво или безалкохолен пијалак – за вкусен крај на денот во Билбао.

Предлог-содржина: дегустациско мени од 5-6 pintxos по лице, во количина што заменува вечера, два пијалаци по избор од договорената понуда и организација со придружник од Holiyay Travel.

Менито и изборот на пијалаци ќе бидат потврдени со локалот. Дополнителните нарачки се плаќаат индивидуално.

 

ПАКЕТ ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ И ГАСТРОНОМСКА ВЕЧЕР

Сан Хуан де Газтелугаче + пешачка тура низ Билбао + Герника + Сантандер + pintxos вечера во Билбао.

  • Поединечна вкупна цена: 249 € по лице.
  • Пакет-цена: 199 € по лице 

 

  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници.
  • Типот на соба го одредува хотелот на лице место, во зависност од моменталната расположливост. Не е можно да се резервира одреден кат или страна.
  • Пасошот мора да има важност најмалку 60 дена по напуштање на Шенген зоната.
  • Секој патник е должен да поседува важечко патничко осигурување.
  • При резервација се уплатува аванс од 30% од вкупната сума.
  • Плаќањата во денарска противвредност се пресметуваат по курс 1 ЕУР = 62 МКД.
  • Агенцијата го задржува правото на измена на програмата, во согласност со околностите.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото да ги понуди и продаде слободните места по специјални “ultrafirst” или “last minute” понуди, по цени кои може да се разликуваат од веќе објавените.
  • Патниците кои го уплатиле аранжманот според редовниот ценовник немаат право на поврат или надомест на средства по основ на разликата во цената.
Резервирај