Откријте ја Шпанија од поинаква перспектива – преку нејзиниот север, регион исполнет со елегантни градови, импресивна архитектура, спектакуларни пејзажи и уникатна култура. Од кралскиот Мадрид и историската Сарагоса, до автентичната Баскија, каде што се среќаваат Атлантскиот Океан, необичниот баскиски идентитет и прочуената гастрономија.
Ова патување ве води низ Сан Себастијан, Билбао, Сантандер и Бургос – градови со сосема различен карактер, но заедничка елеганција и автентичност. Премиум тура за патници кои сакаат да ја запознаат Шпанија подлабоко, подалеку од вообичаените туристички рути.
Мадрид – Шпанската престолнина, град на кралска историја, величествени булевари, светски познати музеи и живописни плоштади. Место каде традицијата и модерниот градски живот совршено се надополнуваат.
Сарагоса – Град со повеќе од 2.000 години историја, препознатлив по спектакуларната базилика Nuestra Señora del Pilar, мавританското наследство и прекрасната архитектура покрај реката Ебро.
Билбао – Срцето на Баскија и еден од највпечатливите примери за урбана трансформација во Европа. Градот е познат по футуристичкиот музеј Гугенхајм, авангардната архитектура и спојот на индустриско наследство со современа уметност.
Сантандер – Елегантен крајбрежен град во Кантабрија, со прекрасни плажи, зелени паркови и аристократска атмосфера. Особено впечатлив е дворецот Магдалена, сместен на полуостров со поглед кон Атлантскиот Океан.
Бургос – Град со средновековен дух и една од најимпресивните готски катедрали во Шпанија, заштитена од UNESCO. Важна станица на познатата поклоненичка рута Camino de Santiago.
| Датум: | 12.05-17.05.2027 |
| Цена: |
|
| Во цената се вклучени: |
|
| Во цената не се вклучени: |
|
Повеќе информации и резервации на 071/330-089 или 071/330-039.
Попладневен излет од Билбао до едно од највпечатливите места на баскискиот брег. Карпестото островче, поврзано со копното со камен мост и скали што водат до малата црква на врвот, создава пејзаж што долго останува во сеќавање. Љубителите на „Game of Thrones“ ќе го препознаат како локација користена за приказот на Dragonstone.
Посетата е можност за уживање во крајбрежните предели, фотографирање и пешачко доживување на ова посебно место.
Цената вклучува: повратен автобуски превоз од Билбао, придружник и организација на посетата и потребната резервација за пристап.
Посетата вклучува пешачење по патека со спуштање, искачување и бројни скали. Обемот на пешачката посета зависи од условите за пристап, временските услови и расположливото време. Се препорачуваат удобни обувки.
Пешачка тура низ Билбао, град во кој современата архитектура се среќава со традиционалниот баскиски дух.
Разгледот започнува во просторот околу музејот Guggenheim и препознатливата цветна скулптура Puppy, а продолжува со прошетка покрај реката Нервион кон историското срце на градот. Следуваат Casco Viejo, познатите Siete Calles – Седумте улици, плоштадот Plaza Nueva и просторот кај пазарот Mercado de la Ribera.
Низ прошетката ќе ги запознаеме различните лица на Билбао, со насоки каде да се пробаат pintxos и како да се искористи слободното време во градот.
Цената вклучува: организиран пешачки разглед со водич и објаснувања за посетените локации.
Попладневен излет до Герника, град со посебно место во историјата и идентитетот на Баскија, чие име е познато низ светот и преку делото „Герника“ на Пабло Пикасо.
Прошетка низ центарот и запознавање со приказната на градот, со посета на просторот на Собранискиот дом и прочуениот Даб на Герника – симбол на баскиските слободи и традиции.
Излетот го дополнува доживувањето на регионот со неговата историска и културна страна.
Цената вклучува: повратен автобуски превоз од Билбао, водич и организиран разглед.
Целодневен излет до Сантандер, главниот град на Кантабрија, познат по своите заливи, широки плажи и елегантни крајбрежни прошеталишта.
Посета на полуостровот Magdalena, со поглед кон кралската палата и морето, а потоа разглед на крајбрежната зона El Sardinero. Прошетката продолжува низ центарот, покрај Jardines de Pereda и современиот Centro Botín.
Следува слободно време за ручек, кафе покрај море и индивидуално уживање во градот, пред враќањето во Билбао.
Цената вклучува: повратен автобуски превоз од Билбао, водич и разглед според програмата.
Вечер посветена на баскиската гастрономија и дружењето! Во избран локал во Билбао ќе пробаме разновидни pintxos – мали, внимателно подготвени специјалитети што се неизоставен дел од локалната култура.
Спој на традиционални вкусови и современи комбинации, дополнети со чаша вино, пиво или безалкохолен пијалак – за вкусен крај на денот во Билбао.
Предлог-содржина: дегустациско мени од 5-6 pintxos по лице, во количина што заменува вечера, два пијалаци по избор од договорената понуда и организација со придружник од Holiyay Travel.
Менито и изборот на пијалаци ќе бидат потврдени со локалот. Дополнителните нарачки се плаќаат индивидуално.
ПАКЕТ ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ И ГАСТРОНОМСКА ВЕЧЕР
Сан Хуан де Газтелугаче + пешачка тура низ Билбао + Герника + Сантандер + pintxos вечера во Билбао.