Gorski Hotel & Spa 4*

Gorski Hotel & Spa е модерен и луксузен планински хотел со ексклузивна локација во самиот центар на Копаоник. Неговата една од најголемите предности е тоа што ски-патеката се наоѓа непосредно пред хотелот, овозможувајќи вистинско ski in – ski out искуство. Со топол ентериер инспириран од природата, врвна гастрономија, голем SPA центар и содржини за целото семејство, хотелот е одличен избор за луксузен зимски, но и летен одмор на планина.

Сместување

Хотелот располага со 97 луксузни соби и 21 апартман, дизајнирани да обезбедат максимална удобност и пријатна планинска атмосфера. Во понудата има различни категории соби и пространи апартмани, што го прави хотелот погоден и за парови и за семејства кои сакаат повеќе простор и комфор.

SPA & Wellness

SPA центарот се простира на околу 1.200 м² и е една од главните предности на Gorski Hotel & Spa. Гостите можат да уживаат во затворен и отворен загреан базен со поглед кон ски-патеката, како и во богатиот свет на сауни и релаксација.

На располагање се финска сауна, руска сауна, био-сауна, хамам, ледена фонтана, солена соба, тепидариум и Vichy соба, како и дополнителни ексклузивни третмани. Ова е идеално место за релаксација и обновување на енергијата по активен ден на снег.

Детски содржини

За најмладите гости, хотелот располага со детска играоница, каде децата можат да уживаат во игра и забава додека родителите се релаксираат во SPA центарот или уживаат во останатите хотелски содржини.

Ресторани и забава

Gorski Hotel & Spa нуди богато гастрономско искуство преку неколку различни ресторани. На располагање се à la carte ресторан, пансионски ресторан и ресторанот La Pista, како и Lobby Bar за опуштени моменти со кафе или пијалак.

Гастрономијата е еден од важните сегменти на хотелското искуство, со понуда која комбинира квалитетни состојки и внимателно подготвени јадења во елегантен планински амбиент.

Локацијата е една од најголемите предности на хотелот. Gorski се наоѓа во самиот центар на Копаоник, со ски-патека директно пред хотелот, што овозможува гостите буквално да излезат од хотелот и да започнат со скијање.

Хотелот располага и со пространа ски-гардероба од 221 м², каде гостите можат практично да ја остават својата ски-опрема.

За гостите кои сакаат да останат активни, на располагање е фитнес центар. Хотелот има и голем конгресен центар со 470 седишта и мултифункционална сала од 470 м², што го прави погоден и за конференции, корпоративни настани и тим-билдинг.

За гостите со автомобили се достапни 80 гаражни места и дополнителни 40 паркинг места.

Резервирај