Moura Borovets Mountain Relax SPA Hotel

Загреан надворешен базен и уникатен SKY SPA под отворено небо.

Hotel Moura е планински хотел сместен во самото срце на Боровец, веднаш спроти станицата на гондолата. Благодарение на одличната локација, хотелот е идеален избор за љубителите на зимските спортови, но и за оние кои бараат мирен планински одмор во текот на целата година.

Дел од хотелот е целосно реновиран, со ентериери инспирирани од современиот алпски стил. Природното дрво, природните материјали и топлите тонови создаваат пријатна атмосфера која совршено се вклопува со планинското опкружување.

Сместување

Hotel Moura располага со различни типови соби и апартмани, прилагодени на потребите на парови, семејства и индивидуални гости. На располагање се Eco Double, Standard Double, Deluxe Double со балкон, Triple соби и едноспални апартмани.

Deluxe собите и апартманите се целосно реновирани и уредени во модерен алпски стил со мебел од природно дрво. Стандардните и Eco собите нудат пријатен и функционален простор, додека едноспалните апартмани се одличен избор за семејства, со одделен дневен простор и можност за сместување до четири лица.

Сите сместувачки единици располагаат со сопствена бања, телевизор, Wi-Fi, фрижидер или мини бар, електрично бокалче, а во одредени типови и со кафе-машина.

SKY SPA – релаксација под отворено небо

Една од најинтересните содржини на хотелот е SKY SPA, концепт за релаксација под отворено небо, достапен во текот на целата година.

Гостите можат да уживаат во надворешен загреан базен со температура од 29–30°C, јапонско џакузи, сибирска када, ладен базен, ледена кофа, инфрацрвена сауна, финска сауна со арома, хималајска солена сауна и парна бања. На располагање се и релакс зона, Fresh Bar и простор за масажи.

Особено атрактивно е чувството да се опуштите во топлата вода под отворено небо, опкружени со боровата шума на Боровец – во зима со снежна атмосфера или во лето под ѕвездите.

За најмалите гости има и надворешен загреан детски базен, опкружен со простор за сончање и релаксација.

Масажи и третмани

За целосно опуштање, во SKY SPA се достапни професионални масажи, SPA третмани и recovery пакети, кои се закажуваат однапред на рецепција.

За гостите кои сакаат приватно SPA доживување, достапна е и приватна сауна за до четири лица, со дополнителни содржини за уште посебно искуство.

 За семеен одмор

Hotel Moura е погоден и за семејства кои сакаат да комбинираат планински активности со релаксација. Покрај детскиот загреан базен, хотелот располага со содржини кои овозможуваат најмалите да уживаат додека родителите се опуштаат.

Важно: деца под 8 години не се дозволени во SKY SPA, додека деца од 9 до 15 години можат да го користат центарот само во придружба на возрасно лице.

Ресторан

Главниот ресторан на Hotel Moura е целосно реновиран во 2023 година и е уреден во автентичен алпски стил. Располага со 200 места во внатрешниот дел и дополнителни 150 места на надворешната тераса.

Ресторанот нуди buffet оброци и à la carte мени, со акцент на европската кујна. Просторот е погоден и за организирање различни настани – од семејни прослави и свадби до корпоративни настани и презентации.

Hotel Moura е одличен избор за оние кои сакаат да го спојат активниот планински одмор со вистинско SPA доживување – на локација веднаш до гондолата, со модерен алпски амбиент, загреан надворешен базен и уникатен SKY SPA под отворено небо.

Резервирај