Premier Luxury Mountain Resort е петѕвезден планински ресорт во Банско, сместен во подножјето на Пирин и опкружен со прекрасни планински и шумски пејзажи. Хотелот е дизајниран како луксузна, но топла и пријатна дестинација за одмор во текот на целата година – од зимски скијања и активности на снег, до летни планинарења, велосипедизам и релаксација во SPA центарот. Посебен акцент е ставен на персонализираната услуга, удобноста и богатата понуда на содржини за парови, семејства и љубители на активен одмор.
Сместување
Хотелот нуди повеќе колекции на соби и апартмани, прилагодени на различни потреби и типови престој. Deluxe Collection вклучува реновирани соби и пространи апартмани, вклучувајќи едно-, дво- и трособни апартмани. Alpine Collection е сместена во нова зграда и носи модерен алпски стил, со многу природна светлина и поглед кон Пирин или градот.
Premier Collection претставува најлуксузниот сегмент, со Premier соби, апартмани и Honeymoon Suite, додека Maisonette Collection нуди пространи двокатни единици, особено погодни за семејства и поголеми групи.
Собите се опремени со современи удобности како климатизација, Wi-Fi, телевизор, минибар, сеф, бањарки и папучи, а одредени единици имаат и приватен балкон со поглед кон Банско или Пирин.
SPA & Wellness
Le Spa Wellness Centre е една од главните атракции на ресортот и нуди простор за целосна релаксација по активен ден во планината. Гостите имаат пристап до затворен загреан базен кој работи во текот на целата година, финска сауна, турска/парна бања, руска бања и џакузи.
SPA центарот нуди и професионални масажи, козметички и beauty третмани, вклучувајќи различни ритуали за лице и тело. На располагање е и целосно опремена фитнес сала за гостите кои сакаат да останат активни и за време на одморот.
Детски содржини
Premier Luxury Mountain Resort е одличен избор за семеен одмор, бидејќи располага со Kids Club, надворешно детско игралиште и Games Room. Најмладите можат да уживаат во простор за игра и различни активности, додека родителите можат да се посветат на релаксација во SPA центарот или да уживаат во рестораните на хотелот.
За семејствата се особено практични Maisonette и поголемите апартмани, кои нудат повеќе простор и приватност. Хотелот преку concierge услугата може да организира и ски-часови за деца, што го прави одлична база за првите скијачки искуства.
Ресторани и забава
Гастрономската понуда вклучува два ресторани и Lobby Bar. Zenith е à la carte ресторан со поелегантна гастрономска понуда, додека Elysium нуди buffet појадок и вечера.
За опуштена атмосфера, Nectar Lobby Bar е идеално место за кафе, коктел или пијалак покрај отворен камин, особено по ден поминат на скијачките патеки. Во летната сезона достапен е и Pool Bar покрај надворешниот базен.
Premier Luxury Mountain Resort е одличен избор за оние кои сакаат луксузен планински одмор со комплетна хотелска услуга – пространи и модерно уредени соби и апартмани, богат SPA центар, загреани базени, Kids Club, квалитетна гастрономија и бројни активности во текот на целата година. Особено е погоден за семејства кои сакаат децата да имаат доволно содржини, а родителите да уживаат во комфор и вистинска релаксација.
SPA Resort St. Ivan Rilski е одличен избор за семеен планински одмор во Банско – со пространи соби и апартмани, голем SPA центар, загреани базени, посебна зона за возрасни, Kids Club и All Inclusive концепт.
Regnum Bansko Mountain Resort е одличен избор за оние кои сакаат повеќе од класичен планински хотел – пространи апартмани, модерен SPA, термален комплекс, Kids Club, и богата гастрономија.
Хотелот се наоѓа на околу 380 метри од ски-лифтот и на околу 10 минути пеш од главната улица „Пирин“, што го прави практичен избор за зимски одмор и скијање.
Sunrise Park & Spa е одличен избор за зимски одмор во Банско, особено за семејства кои сакаат комбинација од удобен хотел, близина до ски-лифтот, SPA и релаксација.
Банско, Бугарија
Декември 2026 - Март 2027
Сопствен превоз
Одличен избор!
Ние гарантираме за заштитата на вашите лични податоци. Овие податоци ќе бидат искористени од нашиот тим исклучиво само за да ве контактираме.