Уникатно доживување за активен одмор и целосно опуштање
Хотел Стара Планина, сместен во недопрена природа на надморска височина од 1.470 метри, претставува идеално место за одмор. Во самото срце на истоимениот ски-центар, на само 20 метри од скијачките патеки и веднаш до првата и единствена гондола во Србија, нуди уникатно доживување за активен одмор и целосно опуштање.
Хотелот Стара Планина е со модерен дизајн и располага со 146 комфорни сместувачки единици, од кои 109 соби и 37 апартмани. Препуштете се на уживањето во нашиот Wellness & Spa центар или во еден од рестораните, каде ве очекува врвна храна и широк избор на вина од нашиот крај.
Хотел Стара Планина претставува идеална дестинација за семеен одмор, со посебен акцент на целодневната грижа за децата во нашата игротека и Teen Club.
Врвниот квалитет на услугата и грижата за гостите ќе го направат вашиот престој незаборавен.
Сместување
Сите соби и апартмани располагаат со када или туш, фен за коса, бањарка, греење, телефон, сателитска LCD телевизија + радио, електронски сеф, работно биро, Wi-Fi интернет, мини бар (се наплаќа дополнително), како и тераса или француски балкон.
Игротека за деца
Детската игротека е дизајнирана да ја поттикне љубопитноста и желбата на најмалите да истражуваат и учат. На повеќе од 150 м² атрактивно уреден простор, прилагоден за деца на возраст од 3 до 12 години, се наоѓа голем лавиринт со сите придружни елементи, како и дел со татами подлоги и куќички за игра.
Професионалните аниматори се тука за да го направат нивниот свет уште поинтересен и заедно со нив да создаваат вистински мали уметнички дела на креативните работилници. Без разлика дали си играат со LEGO коцки, составуваат сложувалки или играат друштвени игри, аниматорите секогаш се тука да им помогнат или едноставно да им прават друштво. Вечерните програми се една од омилените активности на најмалите, бидејќи тогаш имаат можност да покажат колку убаво пеат или каква маска осмислиле.
WELNESS & SPA
Спа центарот сега е достапен за сите гости. Работното време на Спа центарот е од 09:00 до 21:00 часот.Цената за користење е 2.400 RSD за возрасни лица, децата до 7 години користат бесплатно, а децата од 7 до 15 години имаат 50% попуст. Во цената е вклучено целодневно користење на Спа центарот, пешкир и бањарка.
Малолетните лица можат да ги користат услугите на Спа центарот или да закажат спа третмани исклучиво во придружба на родител или старател.
Сместени на сончевата страна на Алпите, Доломитите нудат ски-центар кој е меѓу најдобрите во светот – со стотици километри уредени патеки, модерни жичари и спектакуларни панорами кои одземаат здив. Совршена дестинација за љубителите на снегот, адреналинот и алпската убавина.
Сместени на сончевата страна на Алпите, Доломитите нудат ски-центар кој е меѓу најдобрите во светот – со стотици километри уредени патеки, модерни жичари и спектакуларни панорами кои одземаат здив. Совршена дестинација за љубителите на снегот, адреналинот и алпската убавина.
Еден од најубавите скијачки региони во светот, со над 1.200км совршени ски патеки, модерни лифтови и неверојатни погледи што го одземаат здивот. Познати по својата сончева клима, вкусна италијанска кујна и совршено уредени патеки, тие се идеални за скијачи, бордери, или оние кои сакаат зимска магија со стил.